Пожар зафати куќа во кавадаречкото село Ваташа. Според првичните информации, најверојатно причината е заборавен електричен уред.

Според очевидци благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица, огнот бил спречен да се прошири на цела куќа и други објекти во близина.

Пожарникари за МИА рекоа дека на терен интервенирале две возила и шестмина пожарникари.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2021 11:25