Трошоците на животот во декември 2020 година се зголемени за 0,4 отсто, а цените на мало за 1 отсто, во споредба со претходниот месец.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во 2020 година, во однос на 2019 година, бележат пораст од 1,2 отсто, а цените на мало од 0,4 отсто.
Во декември 2020 година, вo споредба со декември 2019 година, има пораст на трошоците на животот од 2,3 отсто, а кај цените на мало од 1,7 отсто.
Пораст на трошоците на живот во 2020 е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.3 отсто, Разновидни стоки и услуги за 2,6 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци за 2,4 отсо, Ресторани и хотели за 2,2 отсро, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 2.0 отсто, Здравје и Рекреација и култура за 0,9 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,4 отсто и Образование за 0,3 отсто. Намалување, пак, има во групите: Транспорт за 6 отсо, Облека и обувки за 1,3 отсто и Комуникации за 0.1 отсто.
Податоците на ДЗС покажуваат дека кај цените на мало е регистриран пораст во групите: Индустриско прехранбени производи за 2,9 отсто, Земјоделски производи за 1,1 отсто, Пијалаци за 0,4 отсто и Услуги за 0,1 отсто, а намалување во групата Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 0,2 отсто.