Градоначалникот на Лондон прогласи вонредна состојба во градот каде што има се поголем број случаи со коронавирус, а болниците се обидуваат да се справат со големиот прилив на пациенти.

Подрачјето на Лондон беше најпогодено од епидемијата на Ковид-19 во Велика Британија, пишува „Гардијан“.

Зборувајќи заедно со премиерот Борис Џонсон на прес-конференцијата на Даунинг стрит во четвртокот, Симон Стивенс, главен извршен директор на Националниот здравствен систем на Англија, рече дека болниците во Лондон сега примаат по 800 пациенти на ден, што е еднакво на вкупниот капацитет на болницата „Свети Томас“, една од најголемите здравствени институции во Англија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2021 16:43