На10.01.2021 во 17.00 часот, во гостиварската населба Циглана, полицискислужбеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.Н.(22), А.О.(29) од Гостивар и Џ.С.(27) од Кичево, поради сомнение дека во текот на овој месец извршиле неколку кражби и тешки кражби.

По лишувањето од слобода, одземени им се повеќе предмети кои потекнувале од кривичните дела и вратени им се на сопствениците.Ф.Н. и А.О. се задржани во Полициската станица Гостивар и ќе биде изготвен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2021 15:29