Не е потврдено дека постоечките вакцини не се ефикасни против новиот вид на Ковид-19, што беше откриен во Велика Британија. Светска здравствена организација продолжува со испитувањата, изјави денеска претставничката на СЗО во Русија, Мелита Вујнович.

– Велика Британија соопшти дека новиот вид е позаразен, но засега нема информации дека предизвикува потежок облик на болеста или дека вакцините се помалку ефикансни против него, посочи Вујнович.

Таа додаде дека новиот вид на вирусот има 14 мутации, од кои некои можат да влијаат врз степенот на заразност и на сериозноста на болеста.

Русија на 22 декември привремено го стопира воздушниот сообраќај со Велика Британија поради новиот вид на Ковод-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2021 15:28