Тетовската полиција во текот на вчерашниот ден привела 65 – годишник од Глоѓи поради незаконит лов. Тој бил забележан во атарот на селото Јелошник од ловочувари каде поставил сајли за лов на дивеч.
– Околу 13 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода К.Н.(65) од тетовско Глоѓи поради сомнение дека на шумски пат во атарот на селото Јелошник поставил две метални сајли за лов на дивеч и со тоа сторил кривично дело „незаконит лов”, согласно член 228 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски.
Осомничениот е задржан во полициска станицаи против него ќе следува соодветен поднесок