На 13.01.2021, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Н.Т.(19) и А.Р.(22), двајцата од Скопје, затоа што при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.