Во последните неколку дена во Албанија се забележува раст на новозразените од Ковид-19, што според епидемиолозите е последица на групирањата за време на новогодишните и божикните празници, на што предупредуваа и претходно.

-Во последните 24 часа од тестираните 3.307 сомнитени случаи опасниот вирус е дијагностициран кај 707, што е околу 24 отсто од тестираните, што е раст на инциденцата за шест отсто. Во исто време во списокот на оздравени се впишани 439, додека починаа четворица пациенти на возраст од 76 до 89 години, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Се додава дека во четирите ковид болници се третираат 268 пациенти, 29 на интензивна терапија,од нив четворица се интубирани.

-Во измнатите десет месеци во земјата направени се 300.413 тестови, позитивен резултат е добиен кај 65.334, што е 22 отсто од тестираните. Битката со опасниот вирус ја добија 38.860, актвни на болеста се 25.218, додека за жал и покрај сите напори на лекарите, починаа 1.256 лица, додаваат од министертвото.

Иако официјалните податоци говорат дека во земјата бројот на заразените до крајот на минатата година биле над 60 илјади, во последната студија на албанската академија на науките, реалната бројка на заразени со Ковид-19 во земјата е околу 600 илјади.

Во меѓувреме продолжува вакцинацијата на здравствените работници од четирите ковид болници со вакцините кои Албанија,како што кажа премиерот Еди Рама, ги доби како донација од пријателска земја членка на ЕУ.

Станува збор за 975 дози вакцини,од кои на 11 овој месец,кога и почна вакцинацијата првата доза ја прими и премиерот Рама. Следната недела треба да да пристигнат 10.750 вакцини договорени со Фајзер.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2021 21:46