На крстосницата од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во Скопје вчера патничко возило „Форд Фиеста“, со скопски регистарски ознаки, удрило во пешакот Р.Ц.( 61) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.

Како што соопшти МВР, во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2021 12:37