СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(37) и С.Г.(34), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба’’.
На 25.12.2020 на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, пријавените одзеле 5.040 евра и мобилен телефон од патничко возило „мерцедес“, сопственост на Ј.К.(49) од с.Милетино, тетовско.
По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во СВР Тетово.