Угостителите и се лути на власта. Бараат соодветни протоколи за работа и Владата итно да им ги продолжи субвенциите.
-Угостителската индустрија нема време за чекање и со цел угостителите да ги сочуваат сите работни места на угостителските работници очекуваат веднаш и итно Владата да донесе одлука за продолжување на мерката субвенција на бруто плати од почетокот на јануари 2021 години со траење се додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19, вели престедателот на Независната угостителска комора, Јосифовски, за Алфа.
Не сакаат ограничување на работното време:
-Работното време на угостителските објекти е утврдено во членот 23 од Законот за угостителска дејност, кој закон не е ниту укинат, ниту суспендиран во моментот. Ниедна одлука на Владата, ниту нејзина измена за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од Ковид -19 со која се носат препораки и протоколи за ограничување на работното време за работа на угостителските објекти кое работно време е утврдено со важечки закон е неуставна, нагласува Јосифовски.