Само на територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата изрече вкупно 219 мерки, како дел од засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот.
Како што информират од МВР, межу санкционираните, 18 се за возење без возачка дозвола, 10 за непочитување на брзината на движење, 9 санкции за возење под дејство на алкохол, 8 за минување на затворен семафор (црвено светло), 10 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила и 18 за користење на мобилен телефон.
– Изречени се и 62 мерки за непрописно паркирани возила и 13 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, се додава во соопштението на МВР.
Од таму апелират до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.