Тунискиот премиер Хихем Мечичи денеска спроведе реконструкција на владата, именувајќи 12 нови министри, јави ДПА.

Мечичи го назначи Валид Даби за министер за внатрешни работи откако Тауфик Шарфедин, кој се сметаше за близок со тунискиот претседател Каис Саид, беше разрешен на почетокот на овој месец.

Мечичи претходно ги отпушти и министрите за животна средина и за култура.

Чихеб Бен Ахмед е назначен за нов министер за животна средина, а Јусеф бин Ибрахим за министер за култура.

Јусеф Зуаги е именуван за министер за правда, Софиен Бен Тунс е нов министер за енергетика, а Усама Кериџи го доби портфолиото за земјоделие.

-Следната фаза е полна со предизвици и економски реформи со цел да се постигне социјална правда, рече Мечичи, пренесе ДПА.

Тунискиот парламент се очекува да одржи седница на која ќе се гласа за новиот состав на владата предлоен од премиерот Мечичи.

Неодамна во Тунис дојде до големи немири, земјата од која тргнаа востанијата во Арапската пролет од 2010 и 2011 година, поради високата невработеност и лошите владини услуги.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2021 02:38