Во Бразил во последните 24 часа се пријавени нови 61.567 инфицирани лица со коронавирус, соопшти денеска бразилското Министерство за здравство.

Во последните 24 часа умреле уште 1.050 лица како последица на инфекција со коронавирусот, а тоа е петти ден по ред бројот на жртви во оваа најголема јужноамериканска земја да биде поголем од 1.000, пишуваат светските медиуми.

Во Бразил од почетокот на пандемијата се заразени вкупно 8.455.059 лица, а од нив 209.296 имале фатален крај.

Бразил е треторангиран во светот според бројот на заразени, зад САД и Индија, и втор по бројот на смртни случаи од Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2021 12:09