Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (16.01.2021) во периодот од 10.00 до 16.00 часот спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на териториите на Штип и Кочани.

Санкционирани се 90 возачи, од кои 58 возеле со брзина поголема од дозволената, 9 за возење без положен возачки испит, 7 поради нерегистрирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2021 13:50