На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица од Скопје, поради тоа што извршиле тешка кражба во продажен објект во трговски центар. Украдените предмети им биле одземени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2021 13:50