На 15.01.2021. околу 11.00 часот во СВР Велес, 83-годишен жител на Велес пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 денари. Според пријавеното, лицето дошло кај него и му понудило огревни дрва за продажба, по што тој му ги дал парите. Како што е пријавено, лицето му кажало да почека половина час, но откако не се вратило, пријавителот сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.01.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Драчево, 81-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.500 денари. Според пријавеното, на 12.01.2021 лицето дошло во неговиот двор во нас.Морани и му понудило огревни дрва на продажба, кои биле на главниот пат во товарно возило. Исто така, според пријавата, тој му ги дал парите на лицето и тоа заминало. Откако лицето не ги донело дрвата, пријавителот сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2021 01:29