На 17.01.2021 во периодот од 09.00 до 15.00 часот полициски службеници на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле откриени 44 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, а биле констатирани и 16 други видови прекршоци. На сите возачи им се изречени соодветни санкции.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2021 13:01