Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за еден денар за литар и ќе изнесуваат 63, односно 54,5 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,5 денари за литар со што ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 65, а Екстра лесното масло за домаќинство за 54,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,772 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 30,823 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,708 отсто и кај дизелот за околу 4,285 отсто, како и за 0,845 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2021 14:54