На 18.01.2021, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Кичево извршиле претрес во домот на Е.Д.(42) од Кичево, во кој била затекната С.Ш.(60) од Швајцарија.

При претресот биле пронајдени и одземени прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тие биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 01:14