Одговорајќи на новинарски прашања, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска истакна дека докторот во Струга познат како „доктор Менгеле“ е под директна заштита на министерот за здравство Венко Филипче, откако во јавноста се обелодени скандалот со Струшката родилка која остана без неколку органи по породувањето.

- Сведоци сме на уште еден скандал кој што доколку не излезеше во јавноста преку медиумите, институциите сеуште топката ќе си ја префрла меѓу себе онака како што тоа го правеа повеќе од половина година а сега гледаме дека можеле да реагираат. Тоа покажува само едно и води кон индиции дека директорот на струшката болница ужива заштита. Тој е поставен од министерот Венко Филипче и толериран од министерот Венко Филипче. Па колку животи треба да се жртвуваат за Филипче да побара одговорност, што треба се да се случи и се да излезе во јавноста и уште колку животи да бидат ризикувани за Филипче да побара одговорност од како што го нарекуваат „доктор Менгеле“ во Струга, истакна Стоилковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 13:20