Специјалниот претставник на досегашниот американски претседател Доналд Трамп во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, му го честиташе на новиот претседател на САД, Џо Бајден денешното стапување на функцијата.

Гренел на Твитер напиша дека „мора да му честитаме на новиот американски претседател Џо Бајден затоа што ја сакаме Америка“.

„Му посакуваме да успее во зајакнувањето на нашата голема земја. И не смееме да го правиме тоа што другата страна ни го направи нам пред четири години, бадијала и лекомислено да бидеме против се што тој прави“, напиша Гренел на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 22:55