Британската кралица Елизабета Втора му испрати приватна порака на американскиот претседател Џо Бајден, пред неговата претседателска заклетва, соопшти Бакингемската палата, пренесуваат американските медиуми.

Деталите од пораката не се објавени, но веројатно шефот на државата испрати најдобри желби за новиот американски лидер, додаваат медиумите.

За време на 68-годишното владеење на кралицата Џо Бајден ќе биде 14-от американски претседател, понувајќи од Хари С. Труман во 1952 година.

Портпаролот на Бакингемската палата само изјави дека „Нејзиното кралско височество испрати приватна порака до претседателот Бајден пред инаугурацијата“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 23:29