Луксузната марка за домашни миленици „Вери импортант папис“ (Very important puppies – ВИП) пушти во продажба елегантни чизми од велур за кучиња, со дебел ѓон направен од природна гума, објави „Дејли мејл“.

На горниот дел од чизмите има лента од кожа со долги нишки во неон-зелена боја. Ова ги прави додатоците уште поелегантни. Компанијата ги демонстрираше луксузните добра на шепите на две помали кутриња.

Чизмите потсетуваат на популарните ретрочизми со велур, дизајнирани за луѓе. Овие се достапни во шест големини – и одат по четири за 60 фунти (67,55 eврa).



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 00:27