Деведесетгодишен пар од американската сојузна држава Кентаки ја прослави 73-годишнината од нивната венчавка со вакцинација против Ковид-19.

Ноел „Џин“ Рекорд (93) и неговата две години помлада сопруга, Вирџинија Рекорд, се меѓу првите пациенти во Синсинати, во сојузната држава Охајо, всушност, кои беа имунизирани во фазата 1-Б од вакцинацијата. Двојката пристигна од северен Кентаки на местото за вакцинирање на Универзитетот во Синсинати.

– Ние сакаме да се вратиме на нашиот вообичаен начин на живот што е можно поскоро. Јас правев танцови вежби и тоа прекина минатиот март. Со нетрпение очекувам луѓето да се вакцинираат и да продолжиме со вообичаените активности, да танцуваме и да се забавуваме, вели Џин.

Тие ќе се вратат за три недели, за да ја примат и втората доза од вакцината



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 00:28