Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27.588 денари и е за 7 отсто повисока во споредба со истиот месец од претходната година. Просечната бруто плата, пак, изнесува 41.141 денар и е за 7,4 отсто повисока во однос на ноември 2019 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите Уметност, забава и рекреација за 11,2 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита 11,2 и Образование за 9,5 отсто.

Намалување на просечната плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,1 отсто, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 3,6 и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 3,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 12:33