Земјава ќе добие техничка помош од Република Турција за воспоставување земјоделски осигурителен систем. Ова го договорија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на средбата со претставниците на турската Агенција за земјоделско осигурување (ТАРСИМ).

Како што соопшти Министерството за земјоделство, на средбата беше презентиран начинот на функционирање на ТАРСИМ и беше договорена соработката за техничката помош. Воедно беше договорено да се формираат работни групи со претставници од двете страни за да се почне процес на воспоставување систем на земјоделско осигурување во нашата држава.

-Овој систем ќе понуди долгорочно решение за проблемите што произлегуваат од природни непогоди и климатски промени кои се појаваат во земјоделскиот сектор, но и унапредување на осигурителниот сектор во делот земјоделство во Република Северна Македонија. Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство и потребен е организиран пристап за прилагодување, но и за заштита на земјоделските производи преку нивно осигурување, наведува МЗШВ.

Министерот Хоџа, придружуван од министерот Нуредини одржаа состанок со генералн



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 14:42