Денеска ќе се одржи онлајн конференцијата „Бизнис без корупција“, која е завршен настан во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис сектор“, финансиран од Европската унија и спроведен од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Конект и Здружението на даночните советници.
На Конференцијата ќе учествуваат повеќе од 200 претставници од приватниот сектор, релевантни институции, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, како и претставници на Делегацијата на ЕУ, стопански комори и граѓански организации.
На конференцијата ќе учествуваат и гости од Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина.
Учесниците ќе говорат за системите за интегритет што ги применуваат за да се штитат од корупцијата и од нејзините неповолни влијанија.