„Охридска пастрмка- Кратка хорор приказна“ е насловот на видеото кое го објави нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

На видеото може да се видат поставени мрежи за лов на риби во Охридското езеро како и уловот во нив.

Охридската пастрмка претставува симбол на Охрид, се поистоветува со староста на езерото односно постои од неговото настанување. Кога се мрести таа мигрира во поплитки води, за чие време има строга забрана за нејзино ловење. Интересно е што во рок од еден или два дена некои мрестови се комплетно напуштени. За жал за време на нашите подводни активности ја сретнуваме се помалку и помалку, коментираат од Амфора.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2021 02:19