Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 09.00 го лишиле од слобода З.Д(49) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 10 куршуми, еден ловен патрон, една пушка модел „маузер“, пиштол „застава“ со две рамки, ловечка пушка „баикал“, 385 куршуми калибар 9 милиметри, 151 куршуми 3 х 57 и 102 куршуми калибар 7х9.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2021 17:36