Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Центар изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 5 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се 10 мерки за управување под дејство на алкохол, 6 за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2021 09:55