На 24.01.2021 во 11.30 и 12.40 часот во Велес од страна на полициски службеници од Одделение за недозволена трговија при СВР Велес биле лишени од слобода А.Н.(47) и И.Ѓ.(43) двајцата од Велес бидејќи при извршен претрес во домот на А.Н. затекнат е И.Ѓ. при купопродажба на наркотична дрога хероин од првопријавениот кој му овозможил и консумација.

Кај пријавените се пронајдени и одземени пари, хероин и таблети. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 12:46