Вчеравечер (24 јануари) околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Ш.И., чиј угостителски објект (чајџилница) на улица „Ленин“ во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале пет лица.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 13:33