Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, побара од фармацевтската компанија АстраЗенека да ги исполни договорените испораки.

Според нејзиниот портпарол, таа тоа го побарала во телефонски разговор со првиот човек на АстраЗенека, Паскал Сорио.

Фон Дер Лајен потсети дека ЕУ однапред инвестирала значителни суми во компанијата со цел да се обезбеди поттикнување на производството.

Се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) во петок да ја одобри вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 21:25