Кражба била извршена вчера во дом на кавадарчанец, украдени биле пари. Ова денеска го потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во 15.15 часот во Полициската станица Кавадарци, 57 -годишен кавадарчанец пријавил дека непознат сторител влегол во неговата куќа и одзел пари. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.