Поранешниот сопственик на Еуростандард Банка, Трифун Костовски излезе со реакција на последното соопштение на Здружението на оштетени штедачи.

- Почитувани оштетени штедачи,

Ги разбирам сите ваши пориви да бидете обесштетени од стечајот на Еуростандард Банка.

Единствено не разбирам што на вашиот сајт објавувате невистини за учество на моето семејство во криминалот во Еуростандард Банка. Големо ЗОШТО? Дека сум тука и од петни жили се борам да дојдам до вистината? Вие сте ограбени, ама и јас сум ограбен.

Не доликува вашиот бес да го истурате на човек којшто најповеќе се бори за вас со цел да ви се вратат украдените пари.

Повторувам… вашите и моите украдени пари се тука во Македонија. Мене и моето семејство не ставате на отстрел само затоа што први испаднавме во борбата да докажеме дека е ова организиран криминал, не е чесно ниту фер, реагираше Костовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2021 14:54