Каква е финансиската состојба на македонската економија, дали е должник или доверител, состојбата и промените на финансиските средства и обврски на одделните сектори, нивната структура по одделни финансиски инструменти, како и меѓусебната изложеност на одделните ектори, се дел од прашањата на кои ;ќе дадe одговор Статистиката на финансиски сметки на Народната банка, што првпат е објавенa на крајот на минатата година.

Гуевернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на работилница со новинарите, на која беше презентирана новата статитистика потенцира дека овие податоци се значајни и за навремено преземање мерки, што се покажа по финансиската криза во светот.

– Статистиката за финананскиски сметки особено се актуелизираше по Глобалната финансиска криза како извор на податоци за ранливостите во одделните сектори во економијата и можните канали на пренос на шоковите од еден во друг сектор, рече гувернерката, потенцирајќи дека таа е богата со податоци за сите сектори и за врските помеѓу нив.

На презенацијата беше наведено дека анализата на финансиската позиција на домашната економија покажува дека македонската економија е нето-должник на финансиски средства, како резултат на поголемите обврски во однос на средствата.

Од аспект на секторите, податоците покажуваат дека домаќинствата и странство се нето-кредитори и ги финансираат останатите сектори во националната економија, коишто се нето-должници.

Финансискиот сектор, пак, како што беше посочено, согласно со нивната посредничка улога во финансискиот систем има речиси избалансирана нето финансиска позиција.

Примената е развиена во Италија, Шпанија и други земји, а кризата дополнително го потенцира нејзиното значење, беше наведено на презентацијата.

Со објавувањето на статистиката на финансиските сметки, како што истакна гувернерката, Народната банка ја исполни обврската преземена со пристапувањето на нашата земја кон највисокиот статистички стандард на ММФ за дисеминација на податоци – СДДС плус, кон којшто имаат пристапено дваесетина земји во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2021 15:19