Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.Р. (57) од Крива Паланка, директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Крива Паланка и против В.А.(38) од с.Велмеј, општина Дебарца, вработена во ЈУ Центар за социјална работа Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од 16.02. до 19.10.2015, О.Р. склучила Договор за вработување на јавен службеник со В.А., на работно место архивар-благајник.
Иако В.А. не се појавила на работното место, се водела на платен список и ѝ биле исплаќани парични средства за периодот од 16.02. до 19.10.2015 по налог на првопријавената.
На тој начин пријавените го оштетиле Буџетот на РСМ за сума од 146.259 денари.