Двајца жители на Гостивар синоќа на улицата „Железничка“ во Гостивар се приведени бидејќи кај нив се пронајдени кокаин и марихуана. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се В.А. (39) и С.А. (23).
Во домот на В.А. подоцна со судска наредба извршен е претрес и пронајдена е марихуана.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.