На 29.01.2021 околу 17.00 часот, при контрола во спортска обложувалница на ул.„8 Септември“ во Дебар, полициски службеници констатирале дека Г.Ц. од Дебар организирал игри на среќа со електронска трка на кучиња, без соодветна лиценца издадена од Министерството за финансии и без регистрирана фирма за вршење таква дејност.

Притоа, повикан е инспектор од Државниот пазарен инспекторат и известена е Управата за јавни приходи.

По целосно документирање на случајот, против организаторот ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2021 00:42