Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (30.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица, при што санкционирани се 110 возачи, од кои 54 кои возеле со брзина поголема од дозволената, 10 возачи за возење без возачка дозвола, осум за возење на нерегистрирано возило.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.