На Граничниот премин Ќафасан З.П.(26) од Албанија вчера при влез во Република Македонија употребил грчка возачка дозвола, во чија оригиналност се посомневале полициските службеници.

Како што информира денеска МВР, во консултација со Основното јавно обвинителство Струга и извршеното криминалистичко-техничко вештачење на спорната возачка дозвола, утврдено е дека таа е фалсификувана.

Лицето З.П. е приведено, а од страна на ОПКМСР-Струга до ОЈО Струга е поднесена кривична пријава. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струга, на З.П. му е одредена мерка притвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2021 14:02