Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, од кои 24 за возење без возачка дозвола, 28 санкции за непочитување на брзината на движење, 7 за управување под дејство на алкохол, 10 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 3 мерки за користење на мобилен телефон, 5 за некористење на сигурносен појас и 24 за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2021 11:25