Руското обвинителство соопшти денеска дека го поддржува барањето на затворските власти условната казна на опозицискиот лидер Алексеј Навални да се замени со затворска казна, објавија западните медиуми.

По враќањето на Навални во Русија му е одреден притвор од 30 дена, а обвинет е за прекршување на условната казна, со која е осуден поради измама во случај за кој тој тврди дека е политички мотивиран.

Навални би можел да биде затворен на 3,5 години, а повеќе илјади луѓе излегоа на протести низ Русија за време на викендот во знак на поддршка за уапсениот опозициски лидер. Досега се уапсени повеќе од 5.000 демонстранти, тврди невладината организација ОВД Инфо, која ги следи протестите.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2021 11:30