Полицијата во Белорусија вчера приведе најмалку 160 демонстранти кои го повикаа претседателот на поранешната советска република Александар Лукашенко да поднесе оставка.

Протестите ја тресат земјата шести месец по ред, односно по одржувањето на претседателските избори на 9 август, за кои меѓународната заедница оцени дека се манипулирани.

Според организациите за човекови права, од почетокот на протестите се приведени повеќе од 30.000 луѓе, а илјадници биле претепани, пренесува Анадолија.

Насилството предизвика реакција на меѓународните организации, а САДи и Европската унија воведоа санкции кон белоруските официјални лица.

За време на вчерашните протести во Минск и во неколку други градови во Белорусија, стотици луѓе се собраа и маршираа по улиците, по што полицијата повторно спроведе репресивни мерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2021 11:54