На 31.01.2021 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Ленинова“ во Куманово, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати осум лица – гости, пет вработени и сопственикот М.С.(34).
Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот, против сопственикот М.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.