Тетовските полицајци на времен период од 90 дена одзеле возила кое не било регистрирани повеќе од шест месеци.

Тоа се случило вчера при контрола на сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Волковија.

-Полициски службеници запрела патничко моторно возило „форд мондео" без регистарски ознаки, што го управувал Р.Ф. (63) од кавадаречка Марена, инаку сопственост на З.А.(38) од гостиварска Долна Бањица, а кое не било регистрирано повеќе од шест месеци. Возилото времено е одземено. По документирање на случајот против Р.Ф. ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Во текот на вчерашната сообраќајна акциска контрола од 17 до 23 часот откриени и законски санкционирани биле 5 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол. Сите се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2021 13:37