На Мадагаскар е откриен е нов вид камелеон, којшто, се чини, е најмалиот рептил-влекач во светот. Се работи за новиот вид „Brookesia nana“ или нано-камелеон, кој се вбројува во најмалите ’рбетници, според „Њу атлас“.

Видот е пронајден во северните области на островската држава Мадагаскар. Досега се пронајдени само две единки, и тоа мажјак и женка. Женката има должина на телото од 19 милиметри, или 29 мм заедно со опашката, а мажјакот има 13,5 милиметри – 22 мм со опашката.

Зошто видот е толку мал – останува мистерија, посочуваат од тимот.

– Најблискиот роднина на новиот вид камелеон не е подеднакво малата „Brookesia micra“, туку поверојатно, тоа е двојно поголемата „Brookesia Karchei“, која се наоѓа на истите планини, рече Јорн Келер, автор на научниот труд.

Оливер Холикек, исто така автор на истражувањата вели дека, за жал, животната средина на нано-камелеонот е под силен притисок од уништувањето на шумите. – Но, областа неодамна беше назначена како заштитено подрачје и се надеваме дека ова ќе им овозможи на овие мали камелеони да преживеат, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2021 13:56