Европската комисија ќе ги продолжи разговорите со АстраЗенека за да добие повеќе дози од нивната вакцина против Ковид-19 отколку што компанијата вети за првиот квартал од годинава, изјави денеска портпарол на ЕК.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен рече дека АстраЗенека го зголемила снабдувањето на ЕУ на 40 милиони дози до крајот на март, по големото намалување на испораките минатата недела.

Првичната обврска на АстраЗенека беше најмалку 80 милиони дози, а можеби и до 120 милиони во првиот квартал, изјави минатата недела извор на ЕУ за британските медиуми.

Понудата на АстраЗенека е подобра, но дефинитивно не е количината што очекуваме да ја добиеме до крајот на првиот квартал, така што разговорите ќе продолжат, рече портпаролот на прес-конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2021 15:23