Либанската армија денеска соопшти дека уапсила 18 лица, вклучително и Либанци и Сиријци, поради поврзаност со терористичката организација Исламска држава (ИД).

Апсењата се случиле по „теренски операции“ спроведени изминатите две недели во северниот град Арсал, се вели во соопштението на армијата.

Уапсените признале дека биле поврзани со Исламската држава и оти ја поддржуваат, а запленети се и неколку парчиња оружје.

Џуруд Арсал, неплодна област на планините меѓу Сирија и Либан, беше база на бунтовници кои се бореа во сириската граѓанска војна, меѓу кои имаше и милитанти на Исламска држава и групата која порано се викаше Нусра фронт.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2021 15:25